Доктор Нико Беќаровски, во свој стил, со интересен коментар за актуелните случувања на македонската политичка сцена.
Во однос на кандидатите за претседатели, тој даде интересен „агол“!
- Во трка за Претседател на државата:
Инфектолог
Невролог
Хирург
Уште еден сигурен доказ колку нѝ е болна државата и општеството, порача доктор Беќаровски.
Инаку, тој алудира на доктор Вело Марковски кој е инфектолог, Бујар Османи кој е хирург и Арбен Таравари кој е неврохирург, а сите тројца ќе ја „трчаат“ претседателската трка на претстојните избори во земјава.