Инфектолог, невролог и хирург во трка за претседател - Доказ колку ни е болна државата, оценува доктор Беќаровски

Доктор Нико Беќаровски, во свој стил, со интересен коментар за актуелните случувања на македонската политичка сцена. 

Во однос на кандидатите за претседатели, тој даде интересен „агол“!

- Во трка за Претседател на државата:

Инфектолог

Невролог

Хирург

Уште еден сигурен доказ колку нѝ е болна државата и општеството, порача доктор Беќаровски. 

Инаку, тој алудира на доктор Вело Марковски кој е инфектолог, Бујар Османи кој е хирург и Арбен Таравари кој е неврохирург, а сите тројца ќе ја „трчаат“ претседателската трка на претстојните избори во земјава.