Ина Многуфина за публиката на концертот на Симон Трпчески: Нотификации слушавме, сељаците се битни, ги бара некој

Не секој е за на културни настани! Посебно не оние кои не знаат да ги стават телефоните „на тивко“ среде концерт на класична музика, претстава, филм...

За ова познатата Ина Многуфина „распали“ на фејсбук. 

Имено на концертот на светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески „ѕвонеле“ телефони на луѓе од публиката! 

Еве ја нејзината „жестока“ поента: 

- Никогаш нема да разберам зашто сељачишта фаќаат место на културни настани, а ради нив културни луѓе не доаѓаат до карта. Вчера, концерт на Симон, карта се наоѓаше на брзи прсти. Концертот супер, излагаат на сцена, оркестар, Симон, диригент, ѕвони телефон на некој, почекуваат да им текне на сите да исклучат тоа рингтоновите пуштени на најјако и за жив срам и ги опоменува еден од уметниците. Негде на средина, интонира диригентката, ѕвони телефон на некој од публика. Се деконцентрира ама се собира и интонира пак. Нотификации за цел концерт слушавме, сељаците се битни ги бара некој. И зошто идат на концерти ако не знаат дека телефонот треба да е исклучен? Што фаќаат место на некој шо не нашол карта? Абе седете си таму дома, видете некои овци купете, шетајте ги. Концертот поминал 17 земји, луѓено на сцена со меѓународни кариери, сељакот ќе дојде и ќе седне да ебе и труд на уметниците и вајб на публиката. Инаку Македонисимо одличен концерт, ако има пак да одите. И ако седи сељак до вас кажете му дека е сељак, треба да знае.