Имав обид за самоубиство, 10 години имам инсомнија - Весна Бејби искрено за депресијата (видео)

Македонската актерка Весна Петрушевска во гостување кај Стефан Лазаров откри дека сакала да се самоубие поради депресија… 

- Јас завршив два пати на Токсикологија, рече таа, одговарајќи на водителот дека сакала тоа да го стори со апчиња. 

- Јас сум го имала тоа како средство да се уништам себе си и имам реална последица од тоа. Не можам да спијам, јас 10 години имам инсомнија и тоа е најголемата и најстрашната работа, вели Весна Бејби.