Имајте ја на ум случкава со силувачот Латас и неговиот навивач кога ќе се кука против феминизмот, вели Бужаровска

Писателката и активистка Румена Бужаровска со свој став за „признанието“ на Латас и реакцијата на водителот Лазаров. 

-Имајте ја на ум случкава со силувачот Латас и неговиот навивач и современ соучесник, јутјуберчето Лазаров кога следен пат некој ќе почне да кука против феминистки и култура на исклучување/cancel culture. Бидејќи случајот очигледно нема да има правна разврска, сите треба да работиме на тоа да ги осудиме и да ги исклучиме од било каква можност за јавно појавување. За вакви монструми јавноста не смее да прости. И да, не ја заборавајте муцката на извесниот Лазаров. Има еден тон следбеници на Инстаграм, напиша таа на својот фејсбук профил.