Има рок за испорачување на Палевски, ама Лога не го открива

Министерот за правда Кренар Лога информира дека и денеска неофицијално комуницирал со колегите од Турција за екстрадицијата на Љупчо Палевски и била побарана информација од наша страна кога ќе биде неговата испорака. Тој притоа посочи дека бил даден рок од нивна страна но потенцираше дека таа работа зависи од нив.

„Ни дадоа некој рок. Јас не сакам да кажувам такви детали бидејќи таа работа зависи од нив, а не од нас“. Неофицијално сме комуницирале и денеска од тука баравме информација кога ќе биде испораката на Палевски“, рече Лога.„Според нивните правила, првин мора таму да се потпише нивното МНР, па потоа министерот за правда и очекувам дека тоа ќе биде набргу бидејќи такви беа и зборовите од мојот колега од Турција“, информира Лога.