Иџе со моќна порака: Македонија е мала земја, но оттаму доаѓа најголемиот!

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе успеа да ја запише втората сезонска победа во ридско планинскиот шампионат на ФИА Европа. Иџе во трите трки во Шпанија заврши со вкупно време од 5:54,765, со што запиша рекорд во својата конкуренција. Покрај првата позиција во својата група, Иџе имаше десетто најбрзо време во вкупниот поредок.

-Македонија е мала земја, но оттаму доаѓа најголемиот! - ИЏЕ победа и нов рекорд во Шпанија, е пораката која ја испрати тој на својот фејсбук профил.