Иако Конзерваторскиот центар го поништи решението за изградба на кулата во Карпош сепак зградата продолжува да се гради

И покрај тоа што Конзерваторскиот центар го поништи решението за изградба на високатницата во Карпош таа продолжува да се гради. Датумот на ова решение во општина Карпош е пристигнато и заведно со датум од 22.02.2024 година. Од општината уште не кажуваат како ќе постапат во врска со сегашното решение на Конзерваторскиот центар. Но додека општина Карпош размислува како ќе постапи градежните работи на местото за изградба не мируваат.

Од видеото што се споделува на социјалните мрежи може да се види дека на местото каде треба да изникне оваа висококатница градежни работи се извршуваат и навечер.

Од информациите кои излегоа во јавноста зградата за која се предвидува дека треба да вдоми 2000 жители се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар. Првично оваа градба доби одобрение од Конзерваторскиот центар но откако беа откриени пропусти тоа одобрение беше поништено.