И утрово се дише отровен воздух во Скопје

Воздухот во Македонија и утрово е загаден, а многу високо ниво има во скопски Карпош. 

Високо загадени се Струмица, Битола, Тетово и Гостивар, а за нијанса помало загадување има во Куманово, Кичево, Кавадарци, Кочани. Ниско загаден е Дебар, а многу ниско Велес, покажуваат податоците од мерните станици. 

Во Карпош 4 според Мој воздух утрово има 114 ПМ на 100 микрограми воздух. Во Битола има 110 Пм, во Тетово 84, во Гостивар 36, во Струмица 54, во Кавадарци 42. Скопје утрово е 11 најзагаден град во светот, а синоќа беше на 9 место.