Откако повеќе познати брендови беа вовлечени во измами преку Фејсбук, а потоа и сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, сега и пејачката Каролина Гочева е предмет на измама преку оваа социјална мрежа.
На својот профил на Инстаграм таа ги предупреди фановите дека на Фејсбук постои лажен профил кој ги користи нејзините фотографии и податоци, а наведува корисници да се регистрираат на сомнителни линкови, за да добијат одредена сума на пари.
Досега дел од вакви злоупотреби биле маркетите КАМ, дрогериите ДМ, Макпетрол, Тинекс, како и други брендови. Неколкупати жртва беше и сопругата на претседателот Пендаровски. Сигурно постојат и други профили или страници кои злоупотребуваат, но се уште не се „вирални“ на Фејсбук.