Хронично болните сеуште ги чекаат ветените бесплатни маски за заштита од загадениот воздух. Иако министерот Филипче пред месец и половина најави дека државата на почетокот на годината ќе обезбеди 42.000 заштитни маски според податоците од “Мој термин”, од министерството за здравство велат дека доцни донацијата.
-Доколку во најскоро време не ја добиеме донацијата, итно ќе набавиме обични маски, а ако има потреба за наредната сезона тендерот ќе го расишеме порано бидејќи процедурата трае околу 2 месеци, велат за Сител од министерството за здравство.
Во меѓувреме на Клиниката за пулмологија нема слободен кревет. Преполна е и дневната болница каде секој ден скопските пациенти наместо да бидат хоспитализирани доаѓаат за неопходната терапија. На клиника ги задржуваат само пациенти од внатрешноста и оние кои имаат тешкки компликации. Дневно во приоритетната амбуланта еден доктор има и по триесетина прегледи, а за втора амбуланта немаат простор.
-На одделение е навистина полно, имаме ограничен број на места, некогаш немаме ниту едно слободно место. Дневната болница е преполнапо распоред имаме 10-тина пациенти, доагаат да примат терапија. По 30-40 пациенти имаме и во приоритетната амбуланта, а немаме простор за да отвориме и втора амбуланта, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.
Поради енормната загаденост за воздухот, на Клиниката најчесто лекарска помош бараат пациенти со хронични заболувања, со астма или ХООБ, но се почести се и пневмониите. Професорот Докиќ советува кога е загадено и здравите лица да носат маски и да јадат храна богата со антиоксиданси, односно овошје и зеленчук.
-Да не се излегува на отворено без потреба кога е загадено и задолжително да се носат маски, додаде проф. Докиќ.
Алармантната загаденост изминатите денови не само Пулмологија ги наполни и детските болници.