Омикронот „коси“: Дали е време учениците да се вратат на онлајн настава?

Високите бројки на заразени од корона вирус го оддложија стартот на второто полугодие за 10 дена, односно истото ќе почне на 1.февруари.

Уште не е извесно дали учениците ќе се вратат назад во училишните клупи или наставата ќе продолжи онлајн со оглед на брзото ширење на вирусот во земјава.

Родителите, наставниците и самите ученици со поделени ставови.

На нашето прашање „Дали второто полугодие треба да започне со физичко присуство?“ дел велат дека не треба да се ризикува, додека пак други сметаат дека децата и онака изгубиле многу во овие речиси две „пандемиски“ години, па така добро е да одат на училиште,со или без маски!

-На активни речиси 20.000 корона случаи во земјава, мислам дека е рационално да има он лајн настава. Денешните деца се преосетливи, не им треба уште корона, за потоа ние родителите да не знаеме што и како со нив. Омикронот коси, дали вие би го пратиле вашето дете во училиште, вели еден родител.

Друг родител е со спротивен став.

-Местото на децата им е во училиште, да учат, да се дружат, да стекнуваат имунитет...Омикрон сојот е како обична настинка, така да мислам дека нема простор за паника, вели друг родител.

Бројни родители бараат второто полугодие да започне без задолжителна обврска за носење на заштитни маски за учениците, за што имаше и покренато иницијатива која треба да стигне до надлежното министерство.