11-годишно момче од украинскиот крај Запорожје пристигнало само во Словачка преку границата од Украина.
Со една пластична кеса, пасош и телефонски број напишан на раката, тој дошол сосема сам затоа што неговите родители морале да останат во Украина, соопшти тамошната полиција од каде споделија фотографии од момчето-херој.
Од полицијата соопштија и дека волонтерите се грижеле за него добро, го однеле на топло и му обезбедиле храна и пијалоци,
-Сите нив ги освои со својата насмевка, бестрашност и решителност, особини достојни за вистински херој. Благодарение на телефонскиот број на раката, полицијата успеала да контактира со роднините кои дојдоа по него подоцна и целата приказна заврши добро, соопштија од словенечката полиција.