Хаос во ресторан во Центар: Две лица ги расчистувале сметките со закани и тепачка

Започнале со закани, па преминало во тепачка - причината била недоразбирање и нерасчистени должничко-доверителски односи, информира полицијата. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека во четвртокот во 19 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(36) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар, поради претходно недоразбирање и нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од Ѓ.Т., кој му упатил и закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.