Груби: Европскиот фронт СДСМ-ДУИ-АА убедливо ќе победи на изборите на 8 мај

Првиот вицепремиер и фунцкионер на ДУИ, Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ 24 кажа дека според анкетите Европскиот фронт на СДСМ-ДУИ-Алијанса убедливо ќе победи на изборите што ќе се одржат на 8 мај.

- “Сите опции се отворени и за парламентарните и за претседателските избори. Се водат разговори меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. Отворени опциите и за заеднички фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците, но и ДУИ-Алијанса-ДПА и партиите на Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи, а се разгледува и можноста ДУИ сама да излезе на изборите рече Груби.

Груби рече дека ДУИ има црвени линии и нема да коалицира со партија која нема да поддржи „европска Македонија, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, Охридскиот договор и признавањето на Косово“.

-Преку тоа не можеме да преминеме. Сметам дека тешко ќе се најде некоја албанска политичка партија која ќе послужи на руско сценарио во Македонија, рече вицепремиерот Груби.