Граѓаните реагираат: Термин за нов пасош има во август, па од февруари до август нема да смеам да патувам - По кој основ ми се забранува правото на слободно движење?

Граѓаните мораат да ги заменат личните документи до 12 февруари, кога тие престануваат да важат. Ова во јуни го потврдија македонските власти, а најмногу важи за пасошите кои нема да бидат признаени од другите држави во светот и со тоа граѓаните не можат да патуваат доколку немаат нов валиден документ, додека личните карти во земјава ќе продолжат да важат и за истите граѓаните нема да добијат казни, па дури ќе може да се оди и на гласање.

Ваквите информации создадоа паника кај Македонците кои уште вреднаш се обидоа да закажат термин за вадење на нови документи. Поради тоа се создаде гужва, па сега термини нема речиси до крајот на следната година, односно до крајот на август.

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат по кој основ им се забранува правото на движење како основно човеково право загарантиерано со Устав, бидејќи тие имаат важечки пасош со неистечен рок, но мораат да платат и извадат нов, а термин во брзо време нема.