Граѓаните не му веруваат на Град Скопје за мостот „Беласица“, велат дека за лична безбедност „сепак ќе кружат преку Автокоманда“

Градот Скопје вчера објави информациja дека согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул.Беласица, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот и истиот ќе биде отворен за сообраќај.

Но, граѓаните со резерва ја прифатија оваа информации и на социјалните мрежи велат дека Градот Скопје делува како некој на кого не може да му се верува.

„Штом Град Скопје го постира ова, сигурно небезбедно е птица да слета“, вели еден од коментарите на социјалните мрежи, а други и сугерираат на градоначалничката Арсовска, таа нејзините поддржувачи да сообраќаат по мостот.

“Фала Град Скопје, штом вие тврдите дека е безбеден - ќе си кружиме преку Автокоманда“, стои во еден од коментарите.

Проектантот на мостот Вукан Њагуљ во изјава за државната агенција МИА пред неколку месеци тврдеше дека обемот на оштетувања на мостот „Беласица“ во Скопје се големи, треба да се третираат многу сериозно и потребни се детални испитувања и пресметки.