Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во вторникот го имаше првиот отворен ден за граѓаните, по што најави дека секој нареден вторник од 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Центар, ќе има Отворен ден за граѓаните на општината.
Отворениот ден, Центарци го искористиле да се пожалат од гласната музика од локалите, дивите депонии, имотно-правни односи и узурпација на јавните површини.
Заинтересираните граѓани ќе можат да го пријават своето учество секој работен ден на телефоните: 02/3203-682 и 02/3203-602, лично – на пријавницата во Општина Центар (барака бр.4) и електронски, на info@centar.gov.mk.