Градоначалничка „битка“ во Центар и Карпош, но и во неколку други скопски оштини

Во вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини во земјава.

Градоначалник во втор круг, освен за Град Скопје, ќе се бира во следниве скопски општини: Центар, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Арачиново, Зелениково и Чучер Сандево.

Центарци ќе треба да бираат меѓу Горан Герасимовски од СДСМ и Нашата Котлар-Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Карпош ќе се избира меѓу Душко Весковски од СДСМ и Коалицијата и Стевче Јакимовски од ГРОМ кој веќе има искуство со водење на оваа општиниа.

Во Арачиново „силите ќе си ги одмерат“ Ридван Ибраими од ДУИ и Миликије Халими од СДСМ.

Во општина Зелениково жителите ќе бираат мешу Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ и Борче Гиевски од СДСМ.

Чаир треба да го одбере својот прв човек на општината меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Беким Сали од АА.

Во Шуто Оризари во вториот круг ќе се гласа за Курто Дудуш од ЛДП или Ферат Асан од СДСМ.

Во Чучер Сандево ќе се гласа меѓу досегашниот градоначалник Јован Пејковски кој е независен кандидати Сашко Комненовиќ од СДСМ.