Град Скопје потсетува: Пријавувајте се на јавниот повик за субвенции за печки на пелети

Град Скопје го распиша јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година.

Со цел, стимулација за користење почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови - печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Град Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.