Во тек е јавниот повик за повластено користење на градски превоз

Градот Скопје ги информира граѓаните дека Советот на Град Скопје на седницата одржана на 17.12.2018 година изгласа Програма со која се определуваат видовите на повластеното користење на јавниот градски превоз, категориите на лица со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз, како и условите и постапката за стекнување на тоа право.

Здруженијата на граѓани, конечниот список на баратели кои ги исполнуваат условите и за кои предлагаат добивање на билети, го доставуваат до Градот Скопје, најдоцна до 27.12.2018 година.