Гостиварец бегал од кучиња, паднал и тешко се повредил

Триесет и петгодишниот гостиварец Ф.Р., вчера, во 20 часот, во СВР Тетово пријавил дека на улицата Илија Антевски-Смок во Гостивар бил нападнат од кучиња скитници.

Бегајќи од нив, тој паднал и добил тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.