39-годишна мајка од Гостивар оставила само малолетно дете во домот

Во куќа на улица „Илинденска“ во Гостивар вчера било оставено само малолетно дете.

Според пријавеното, го оставила неговата 39-годишна мајка. Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, кои го пријавиле случајот, детето е пренесено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Се расчистува и документира случајот.