Го пронашле онесвестен во двор, се затрул од екстази

До ОВР Кавадарци стигнала пријава од Итната медицинска помош за пронајден онесвестен кавадарчанец во двор. Било констатирано дека се затрул од наркотици.

„Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40),  кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес. 

 Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.