Го нападнал татко му со нож и му нанел повреди

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(26) од Крива Паланка.

Имено осомичениот се товари за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 02.02.2024 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал својот татко и со остар предмет му упатил закани.