Глигорова: Ќе завршиш електро, машински или градежен факултет, па партиски и етнички подобен ќе ти стане претпоставен

Активистката Ана Глигорова, во краток, но јасен фејсбук став упати критика до она што е речиси нормално во македонското општество - вработувањето по партиска и етничка линија. 

- Ќе завршиш електро, машински или градежен факултет, ќе полагаш три математики и применета физика и математика во тешките стручни предмети, и ќе дојде некој на ниво на трето одделение, не ги знае буквите, не знае ни на калкулатор да работи, ама партиски и етнички подобен ќе ти стане претпоставен. Ова го имало и во социјализмот, ама сега е врв на примитивизмот, гласи ставот на Глигорова.