Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера беше во посета на Усје.
Ѓорѓиевски посочи дека за првпат била отворена градинка во Усје и таа е целосно инклузивна која се протега на површина од 350 м2.
Општина Кисела Вода инвестираше и во патната инфраструктура.
- За само година и пол саниравме 15.000 м2 улици. Направивме и поврзување на Усје со Стаклара, го реконструиравме и игралиштето. Направивме многу, но тука нема да запреме, кажа Ѓорѓиевски.