Ѓорѓе Давид по сообраќајната несреќа останува во Македонија, ги замоли медиумите за коректност

Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, на 20 јануари доживеа сообраќајна несреќа во Северна Македонија, во која поради сплет на несреќни околности налета на жена која го загуби животот.

Тој самиот на својот профил на Инстаграм, потврди дека неговите документи се наоѓаат во јавното обвинителство во Куманово медиумите, побара коректност и истакна дека кога ќе ја премине границата самиот тоа ќе го обзнани

- Во оваа прилика ги молам медиумите во Македонија и во Србија да имаат барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам и да не пласираат наслови кои немаат врска со вистината. Не сум ги добил моите документи и не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се наоѓаат во Јавното обвинителство Куманово. Секој ваш наслов кој го објавувате, мене ми прави проблем и предизвикува омраза од овие луѓе во Јавното обвинителство кон мене, бидејќи мислат дека јас ви ги давам тие информации. Ми ја отежнувате ситуацијата ми правите пекол од животот. Кога ќе ги земам документите и кога ќе ја преминам границата прв ќе се јавам и тоа ќе го обелоденам, рече пејачот во видео објавено на youtube.