Гир: Се слушаат гласови дека ЕУ не ја сака Македонија, тоа не е точно, таквото членство е од корист на сите нас

На одбележувањето на четиригодишнината од членството на нашата држава во НАТО, Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир порача дека не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, ниту пак дека не е способна да го изоди патот до таму. 

„Членството на Северна Македонија во ЕУ е од корист за сите нас. Ве повикувам да се придвижи  што е можно побрзо кон ЕУ и да бидете дел од неа врз основа на исполнување на обврските што ги презедовте во јули 2022 година,како и имплементацијата на реформите кои беа утврдени во него и врз основа на новиот План за раст и реформи на Европската унија.  

Вообичаено е да се слушнат тука гласови на сирени кои велат дека РСМ не може да и пристапи на ЕУ-  или зошто ЕУ не ја сака, или зошто не е способна за тоа. Ниту едно од овие две тврдења не е точно. Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од ЕУ , а патот дотаму е практичен и многу лесно остварлив“, порача Гир на настанот.