Гградскиот инспекторат на терен: Kазнeти седум скопјани заради загадување на животната средина

Комуналните редари на Град Скопје во текот на вчерашниот ден при редовна контрола на самото место затекнаа седум лица како ја загадуваат животната средина и непрописно го фрлаат отпадот.

На овие седум лица им беше изречена парична казна во согласност со Законот за јавна чистота.

Засилените контроли на градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период, затоа апелираме до граѓаните да го почитуваат комуналниот ред и да не фрлаат отпадоци насекаде.