Герасимовски: Вклучувањето на граѓаните во креирањето на буџетот е од исклучително значење за развојот и унапредување на животот во Центар

Втора сесија на буџетските форуми е закажана за понеделник на 18-ти декември каде ќе бидат вклучени и граѓаните. Средбата ќе се одржи во ООУ „Киро Глигоров“ и ќе биде претставен и разгледан нацрт-буџетот на 2024 година и ќе бидат дискутирани проектите што граѓаните ги предложија на првата средба на буџетските форуми. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека Општина Центар го цени мислењето на граѓаните и затоа ги вклучува граѓаните во секоја реализација на креирањето политики во локалната самоуправа.

- “Вклучувањето на граѓаните во креирањето на буџетот е од исклучително значење за развојот и унапредување на животот во Центар. Ние ќе се фокусираме на нивните барања според приоритети во рамките на можностите на буџетот. Затоа ги поздравувам проектите што ги предложија и ќе ги разгледаме со цел според нивната важност да ги вметнеме во буџетот в година. На втората и завршна сесија исто така сме отворени за нови предлози за конечно прецизирање на буџетот“, вели градоначалникот Герасимовски.

На буџетските форуми, покрај градоначалникот Герасимовски и граѓаните на Центар, свое учество ќе земат и раководителите на сите сектори на општинската администрација, кои ќе одговараат на прашањата на граѓаните во однос проектите што се предлагаат, како и советници во Советот на Општината. Одржувањето на граѓанските форуми Општина Центар го прави со цел заеднички да ги креира програмите и проектите што ќе го направат поквалитетен животот за сите граѓани што живеат во општината