Герасимовски со порака до дамите: Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски и Вангел Андревски, раководител на финансии и стратешки развој, им поделија рози на жените во Дебар Маало и Буњаковец.

- Вие сте столбови на семејствата, но истовремено и суштински дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во секое општество. Затоа го заслужувате секое признание за вашата храброст, истрајност, достоинство и посветеност.

Би сакал да ви ги честитам успесите, бидејќи вашите секојдневни достигнувања се пресликуваат врз македонското општество, правејќи не сите нас горди. Затоа активностите и делата на жената треба да се слават, не само денеска, туку во текот на целата година. Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите, јас сум тука да ги поддржам вашите ставови, напиша Герасимовски на Фејсбук.