"Гази Баба за Гоце Делчев" - манифестација во чест на великанот

Вчеравечер во населеното место Гоце Делчев, во организација на општина Гази Баба се оддржа манифестацијата "Гази Баба за Гоце Делчев".

Манифестацијата беше збогатена со културни - уметничка програма во која учествуваа естрадните уметници Спасен Силјановски, Влатко Миладиновски и Групата Аманет, додека актерката од Тетово, Милена Илиевска, изведе сегмент од монодрамата Султана, мајката на Гоце Делчев.

-Гази Баба во чест на Гоце Делчев! Вечерва ја оддржавме манифестацијата Гази Баба за Гоце Делчев. Заедно со голем број на граѓани собрани во населеното место Гоце Делчев испративме порака дека Гоце Делчев бил, е и ќе остане Македонец. Им благодарам на Спасен Силјановски, Влатко Миладиновски, Групата Аманет и Милена Илиевска за одличната програма преку која со песна и оро како што доликува на македонскиот народ му оддадовме почит на великанот Гоце Делчев, порача вчеравечер градоначалникот н аопштината Бобан Стефковски кој вети дека Гази Баба и во иднина ќе продолжи со негување на историјата и традицијата на македонскиот народ.

На настанот присуствуваа голем број на граѓани, како и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.