Галовеј во Велес ја рецитираше „Елегии за тебе“

На Денот на македонскиот јазик, амбасадорката Рејчел Галовеј, од Велес, градот на Рацин, рецитираше стих од неговата „Елегии за тебе“.

„Денес го одбележуваме Денот на македонскиот јазик. Во чест на одбележувањето се потсетуваме на мојата посета во Велес каде што ја цитирав „Елегии за тебе” од Кочо Рацин“ напиша таа на својот Твитер профил.