Фросина за Скопскиот маратон: Трчањето на долги патеки е 80% ментална сила, 20% физичка спремност

И познатата инфлуенсерка Фросина Фро беше дел од овогодинешнито Скопски маратон кој се одржа минатиот викенд. 

На својот фејсбук профил каде е активна и гласна за голем број општествени прашања порача дека трчањето на долги патеки е 80% ментална снага, 20% физичка спремност. 

- Секој што ќе истрча маратон и полумаратон, а не е професионален атлетичар, заслужува аплауз, затоа што маратонот е најтешката атлетска дисциплина. Ме радува тоа што сè повеќе луѓе почнуваат да се освестуваат и вметнуваат здрави навики во животот, затоа што да истрчаш 21 и 42 км значи да се посветиш на подготовки кои вклучуваат тренинзи (па макар и аматерски) и внимавање на исхраната. Тоа значи дека голем број луѓе одлучиле да го подобрат стилот на живеење, па макар и еден маратон од овој калибар ако им е мотив, тогаш добро е... И не заборавајте, трчањето на долги патеки е 80% ментална снага, 20% физичка спремност, порача Фросина.