„Фридом хаус”: Македонија и понатаму е делумно слободна држава

Македонија и понатаму останува во групата на делумно слободни држави, стои во најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата во светот 2019“ .

Во оваа група од регионот уште се наоѓаат Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Србија падна од групата слободни во делумно слободни земји поради изборните нерегуларности, правните малтретирање и кампањата против независните новинари, како и де факто акумулирање на екстра институционалните овластувања на претседателот Александар Вучиќ.

Во групата слободни земји од регионот се Бугарија, Хрватска и Романија. Од 195 земји, 86 или 44 насто се оценети за слободни, 59 или 30 насто за делумно слободни и 50 или 26 насто за неслободни земји.