Сакал да ја промовира Македонија пред светот, но за фотографирање му побарале 3.000 денари

Фотографот Влатко Рафески сакал да направи фотографија од Охридското езеро и да ја промовира Македонија пред светот, но притоа се соочил со непријатно искуство.

Рафески се пожали дека му побарале 3.000 денари за фотографирање од Националниот парк „Галичица“.

- И така решив да отидам на Галичица за да направам некоја фотографија од нашето ни најубаво и најстаро езеро, она што е под капа на УНЕСКО, да направам фотографија со која што ќе се претставиме надвор со нашата убавина за да не крадеме од интернет фотографии од Франција, Шварцарија итн. И како што е редот вртам во НП „Галичица“ да прашам дали важи забрана, шатор па пожари и сè со ред зошто си ги знам процедурите. И дечкото ми вика „Да, моит шатор, ќе си платиш влез како што е редот“ и тоа е сè супер кога наеднаш „A мор сакаш да сликаш, епа ако сакаш да сликаш 3.000 денари, а ако сакаш да снимаш 10.000 ден“. Седам и си викам, да одам да го фотографирам, да го претставам во светот да се пофалам со нашата убавина и да платам 3.000 ден. Сум прошетал многу и изгледа само кај нас експертите имаат стратегија за развој на туризам и промоција на македонските убавини. Епа да ви се намо*ам на експертите, објави Рафески.