Фото: Зошто плаќаме патарина кога кози ни шетаат по автопат?

На автопатот Скопје - Тетово била забележана група кози, па поради тоа се пожали една корисничка на социјалната мрежа Твитер.

- Дечки,ви ги претставувам д’козички од автопатот „Мајка Тереза“ или попознат како Скопје-Тетово. Слободно и безбедно си се шеткаат и пасат по трета лента. Овој луксуз чини 40 денари патарина плус 2.300 денари за улици и патишта при секоја регистрација на вашето возило, пишува „Росана“.