Северина вчера во Скопје го промовираше новиот календар на Пелистерка за 2017 година.
Таа на прес - конференцијата за медиумите прошета како вистинска кралица - со круна на главата.Од глава до пети облечена во розево - од долга пласирана тренди сукња до oversize блуза во иста боја.
Иако во Скопје вчера имаше пет Целизусови степени, Северина имаше облечено отворени сандали со мотив на усни од брендот Гучи, чија цена е вртоглави 7000 куни ( 57 000 денари).