Фото: Искинати кабли од бандери на ЕВН им висат над главите на граѓаните на Општина Центар

Граѓаните од улица „Аминта 3-ти“ во Општина Центар утрово се разбудија со глетка од искинати кабли од бандери на ЕВН. 

Гневот и револтот се очигледни, особено ако се има предвид дека каблите е можно се' уште да се под електричен напон, вистинска опасност за секојдневните минувачи по улицата.

Проблемот е очигледен, па на потег се очекуваат екипите на ЕВН, бидејќи граѓаните со право стравуваат за својот живот поради каблите кои веќе неколку часа им висат над главите.