Фолтин промовираа нов албум „Симултан бакнеж“

Денеска во МКЦ беше промовиран „Симултан бакнеж“, новиот ЕП-албум на Фолтин, македонски бенд кој со својот експериментален а прецизен стил, ги „лови“ светските звуци.

Бендот своето најново дело го опишува како „Музика по мерка на вашите срца“.

ЕП-то содржи четири песни кои се снимени во Студиото „Алшар“ минатата година, а фотографијата и дизајнот на обвивката за албумот се на домашниот режисер, Ѓорче Ставрески.

Албумот е издание на ОХО Продукција.

Промоцијата на албумот започна со спотот за една од песните – „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Витман. Директор на фотографија е Мајкл Ривас, а актери се Рио Раш и Ниша Вирмани. Видеозаписот е снимен во Берлин. Продуцент на видеозаписот е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Витман и Илија Тирицовски.

Погледнете го и уживајте: