На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.
На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.
Бурни реакции за социјалните мрежи!
Граѓаните прашауваат како е можно вакво нешто во центар на град, непосредно во близина на полициска станица!
- Каде е директорот на Бирото за јавна безбедност, прашаа граѓани на социјалните мрежи!
Еве дел од другите реакции за овој случај:
- Овие крадат како да снимаат македонски стари приказни, алармот свири, нема никој да дојде да провери, банкоматот излегува, па пак го влечат и арамиите задоволни си бегаат комотно, ако има „џипиес“ ќе ги фатат, ако не Косово им е дестинација во еден правец!
- Ако видеото со крадењето на сефот од Црниче не е герила маркетинг за нова македонска комедија, ќе се разочарам.
Видеово е од вчера, скратена верзија. Инаку орегиналната трае повеќе од 3 минути.
Црниче, Скопје, полиција ни за лек, обезбедуваат до Флорино и назад и остали по митинзи...ваљда...https://t.co/dVx3FoeKAp pic.twitter.com/yRmLe4imiR— Caligula (@Caesar1Gaius) April 2, 2024
иначе за тие што не знаат, маркетов е на 500м до МВР pic.twitter.com/bH8o1gXPn9
— Свети Нео (@SvetiNeo) April 3, 2024
Pa koj go stavil bankomatot tamu ... oni neznaat civ e ... si go zemaa
— Komandant (@Komandant__) April 3, 2024
Глупиот и тупиот со уште двајца другари решиле да напраа филмски грабеж, со кола со регистрација со сите нишани https://t.co/IBVGhi9Av7
— Persona N/P (@bojankuk) April 3, 2024