Фестивал на виното во Охрид од 22 до 24 јуни

На Кеј Македонија во Охрид од 22 до 24 јуни ќе се одржи второто издание на фестивалот на виното „Ohrid Wine Festival“, во организација на Крафт Продукција, а под покровителство на Општина Охрид.

Целта на фестивалот, како што соопшти денеска организаторот, е да се прослави виното преку убава музика, храна, дружење и забава.

- Покрај промоцијата за најдобрите македонски вина, целта на фестивалот е дополнително да даде поддршка на македонски изведувачи, па очекувајте одлични имиња од македонската домашна музичка сцена, стои во соопштението.

Општина Охрид ги повикува туристите од земјава и странство на вистинско уживање во вкусот и традицијата на македонските вина и македонската храна.

- По успешното прво издание, кое покажа дека Охрид е вистинско место за промоција на винската култура и гастрономија, очекуваме оваа година покрај домашните гости да ги задоволиме вкусовите на сите туристи кои во овој период ќе бидат присутни во Охрид, информира Општина Охрид.