Еве кога треба да пристигнат парите од Мој ДДВ

Средствата за исплата на парите од Мој ДДВ според законот треба да бидат исплатени во рок од 60 дена од тромесечието. Според ова граѓаните кои ги скенирале фискалните сметки за месеците октомври, ноември и декември од минатата година парите треба да ги очекуваат кон крајот на овој месец или почетокот на февруари

Инаку од јануари минатата година прагот за враќање на дел од ДДВ беше зголемено од 1800 на сегашните 2100 денари или 8400 денари годишно.