Еве кога ќе биде исплатена финансиската поддршка за социјално ранливите категории

Финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза ќе биде исплатена по објавување на списоците на корисници за финансиска поддршка на 5 јануари 2023 година, информира Министерството за труд и социјална политика.