Есeнски предлог: Три билки со кои ќе го подготвите имунитетот за сезоната на грип

Есента и пониските утрински и ноќни темератури е првиот предзнак на сезоната на настинки и грипови. Нутриционистите и лекарите предупредуваат навреме да го подготвите имунитетот на предизвиците кои, освен корона вирусот, може да бидат закана за вашиот организам.

Повремените свежи утра и вечери не треба да бидат причина да прекинете со движењето или спортските активности на отворено, велат експерите. Исто така, овој период е одличен за да со храна, на природен начин го подговите имунитетот.

Рибата, квалитетно црвено месо, мед, јајца, лук, кромид – се стандардните намирници за силен имунитет, но има уште неколку кои загарантирано ќе бидат ваш „штит“ против вирусите и бактериите.

Ѓумбир

Ѓумбирот е еден од најчесто користените зачини за ублажување на симптомите на настинка и грип. Научниците веруваат дека зовој зачин му помага на организмот да биде поотпорен на HRSV (човечки респираторен синсистички вирус, главна причина за инфекции на долниот респираторен тракт) со блокирање на можноста на вирусот да се закачи на клетките и да го стимулира лачењето на соединенија кои помогне во спречување на вирусни инфекции.

Цимет

Циметот е повеќе од зачин со убав мирис. Активните соединенија содржани во циметот имаат антивирусно, антимикробно, имуномодулаторно и антиинфламаторно дејство. Некои студии покажале дека цимелалдехидот, соединението кое му дава на циметот карактеристична арома, го спречува растот на вирусот и на грипот.

Ехинацеа

Ехинацеа е една од најмоќните билки против вируси. Може да се најде во форма на чај или додатоци во исхраната. Неговиот редовен внес може да ја подобри одбраната на телото, но исто така да ни помогне да закрепнеме побрзо од настинки или грип, но само доколку се конзумира навреме. Голем број на студии покажаа дека билката е богата со фитохемикалии кои имаат способност да ги намалат вирусните инфекции.