Есен и печени костени на плоштад

Има ли скопјанец што не јадел печени костени кога во есен и зима шетал на плоштад?  Посебен вкус и малку топлина на ладните раце.

Сега не е баш по Хасап и нема фискална - ама е традиција...

Печени костени во центар на Скопје. Миризба која се шири много далеку. Само од миризбата можеш да ги пробаш костените. Ни млад, ни стар, ниту жените, ниту мажите не можат да им одолеат. Миризбата те мами да застанеш да си купиш и да ги пробаш. Има ли нешто поубаво? Има ли нешто поубаво од миризба на есен, од миризба на печен костен? 

И постарите скопјани се сеќаваат дека од секогаш костени се продавале на плоштадот, од секогаш Скопје е претпознатливо по оваа миризба.