Ова растение е надалеку познато како ефикасен лек за женските болести, го регулира менструалниот циклус, има антисептичко дејство против инфекции на матката, помага при болки и грчеви во матката, како и при менструални болки.
Ароматичната билка со нежни цветови и прекрасен мирис уште одамна се користела во народната, но и во научната медицина.
Мајчината душица цвета некаде кон крајот на мај, почетокот на јуни, а лековитите својства се наоѓаат во листот и во цветот.
Се собира внимателно, да не се уништи цветот и листот, се суши и на тој начин може да се чува преку целата година и подолго.
Мајчината душица наоѓа голема примена и кај други заболувања, како што се:
Заболувања на плуќата – асма, бронхитис, туберколоза; ја смирува кашлицата и го спречува ширењето на инфекциите.
Се препорачува за лечење на мигрена, бубрези, желудник, слабокрвност, болести на бешиката, депресија и несоница.
Поволно влијае на сите внатрешни органи, го смирува организмот и ги зајакнува нервите.
Може да е користи како чај или купка, а поради пријатната арома се користи и како зачин во исхраната.
Чај од мајчина душица
Во зовриена вода додадете мајчина душица (1 лажица на 2 дл. вода), поклопете го садот и оставете го најмалку 1 час.
За да не ги изгуби лековитите својства, растението не смее да се вари, па се додава исклучиво во зовриена вода, а садот веднаш се трга од оган.По желба се засладува со мед.