Едноставни трикови за убава и свежа кожа

Рутината поврзана со кожата е нешто што е важно да го направите за себеси, бидејќи ќе ви помогне да имате убава и блескава кожа. Штом ги научите едноставните правила, потоа нивното практикување е лесно.

Добрите навики поврзани со кожата се едни од најважните навики кои треба да ги применуваме за себеси.

Хидратација

Постојано слушаме за тоа, за доброто функционирање на телото и важноста на водата во однос на тоа. Но, истото важи и за кожата. Доколку сакате здрава кожа, хидратацијата е најважна. Кожата која е сува предизвикува акни, иритација и чешање, а и изгледа многу лошо.

Спијте доволно

Кога велиме доволно, мислиме на тоа да се разбудите наспани. Потрудете се да спиете 7-8 часа во текот на ноќта. Тоа ќе ви помогне да функционирате подобро, но и да имате поубава и посвежа кожа.

Природни масла

Не е потребно да користите премногу скапи производи. Пред одење на спиење, доволно е да ја намачкате кожата со маслиново масло, масло од невен, масло од лаванда. Овие масла ја хранат кожата и ја спречуваат појавата на акни.

Ексфолијација

Отстранувањето на мртвите клетки е важно за свежина на кожата. Ексфолијацијата можете да ја направите со специјални производи за тоа, или пак со шеќер, лимон, кафе, морска сол. Потрудете се да направите ексфолијација на кожата 1-2 пати неделно.

Бидете едноставни

Не ја оптеретувајте кожата со користење на многу производи за шминка, но и за нејзино чистење. Доколку имате убава кожа без многу акни, користете ББ или СС креми, наместо тешки пудри. Освен тоа, како дел од дневната рутина додадете само неколку производи кои се основни и тестирајте како тие делуваат на вашата кожа.

Користете суплементи во исхраната

Суплементите во исхраната се важни од повеќе причини. Тие помагаат да се спречи стареењето, да се заштити кожата од сончевите зраци и да се спречат акните. Од суплементи кои можете да ги користите за вашата кожа препорачуваме:

Витамин А – кој го спречува стареењето, ја обновува кожата и помага во намалување на влијанието на бактериите и вирусите.

Цинк  - помага во контролата на себумот и ја спречува појавата на акни.

Рибино  масло – богато со омега 3 масни киселини, ги обновува површинските слоеви на кожата и ја смирува кожата која е склона кон акни.

Витамин Ц – ги спречува слбоодните радикали и го намалува стареењето на кожата.

Јадете повеќе зеленчук

Конзумирајте повеќе зеленчук, особено зелениот зеленчук. Тој е одличен извор на бета каротен, кој е антиоксидант кој помага во обновување на кожата, давајќи и младешки изглед. Освен тоа, ваквиот зеленчук е богат и со фолна киселина која помага во обновување на ДНК клетките.

Избегнувајте кофеин, млечни производи и алкохол

Или барем, конзумирајте ги минимално. Млечните производи предизвикуваат акни, а кафето и алкохолот ја дехидрираат кожата.

Никогаш не спијте со шминка

Нечистењето на кожата пред спиење е една од најлошите навики поврзани со кожата. Тоа предизвикува кон создавање акни, зголемени пори и насобирање на бактерии. Ваквата лоша навика е најлошото нешто кое можете да и го направите на својата кожа.

new nike air max 2019