Две жени биле спасувани од заглавен лифт кога снемало струја по пожарот во Универзална

Од полицијата пред малку информираа дека поради пожарот во Универзална сала во Скопје од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата било прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имало заглавени две жени.

Тие биле извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција. 

Во врска со пожарот, во ПС ОН Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот  и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53), информираат од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.